Шведска и Австрија ги затворија последните фабрики на јаглен

- Advertisement -

Европа штотуку ги доби втората и третата земја кои не користат јаглен. Шведска и австрија ги затворија своите последни фабрики на јаглен и се придружија на Белгија во замената на јагленот со обновливи извори на енергија.

„Тоа што Шведска се откажа од јагленот истата недела кога тоа го направи Aвстрија само е показател за надолната траекторија по која се движи јагленот во Европа. Покрај низата сериозни предизвици со кои се соочуваме, замената на јагленот со обновливи извори на енергија е правилната одлука и ќе ни се возврати со подобро здравје, заштита на климата и поотпорни економии“ вели Кетрин Гутман, директор на Europe Beyond Coal.

- Advertisement -

Шведка првично планираше да се откаже од јагленот во 2022 година, но успеа да ја достигне целта две години порано. Благата зима таму годинава овозможи фабриката Exergi, последната која користеше јаглен, да не се користи воопшто годинава и да се затвори.

Освен покачената свест на народот за штетноста на јагленот, неговата популарност се намалува затоа што ситуацијата на пазарот ги зголеми оперативните трошоци. Статистиката на британскиот тинк-тенк Carbon Tracker покажува дека 40% од фабриките на јаглен во ЕУ имале загуби во 2017 година. /во 2019 година 100% било поскапо да се користи фабрика на јаглен отколку да се користат обновливи извори на енергија.

- Advertisement -

Повеќе еврпски земји планираат да се откажат од јагленот во иднина. Франција планира тоа да го постигне до 2022 година, Словачка и Португалија со 2023 година, Обединетото Кралство до 2024 година и Италија до 2025 година.

Сподели!
- Advertisement -