14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Благоја Кондратјук, Кабтел: Корона кризата ја зголеми побарувачката на системи за заштита на податоци!

Kabtel desktop

Работата вон канцеларија, во услови на пандемија на Covid 19 веќе извесно време е задолжително за многумина – вклучително и за некои што претходно никогаш немале такво искуство. Вработените во ИТ секторите ширум светот мораат брзо да реагираат, за да ги поддржат работници и да ја обезбедат нивната безбедност на интернет. Но, не само нивната безбедност, туку и безбедноста на најважниот капитал на секоја компанија – податоците.
На оваа тема разговараме со Благоја Кондратјук, Инженер за ИКТ решенија во Кабтел, компанија која е партнер на светски реномирани брендови: Thales, Kaspersky, Sophos, Nexans, EnGenius, Alcatel-Lucent, Nokia Networks, Esser by Honeywell, Trend by Honewell, Dura-Line, Sauter, Robotina, Lande, Zentyal, Olympia Electronics, Digitus…

Разговараше: Верица Јорданова

Дали и колку во изминатиот период, откако е почната Корона кризата е зголемена побарувачката на заштита на податоците и воопшто компјутерските системи?

Не би можел да го изразам низ бројки, но да, би можело да се каже дека откако започна Корона кризата побарувачката за заштита на податоците и компјутерски системи е зголемена. Со оглед на тоа што во вакви вонредни услови работењето е базирано 99% онлајн и компјутерските системи се основна алатка при работењето, потребата од соодветна заштита на истите станува неопходна.

Со оглед на тоа дека многу компании беа приморани да се ориентираат кон работа од дома, како вие како компанија го почувствувате овој тренд?

Во вакви моменти не постојат компании за кои овој тренд не носи предизвици. И Кабтел не е исклучок од ова, но долготрајното присуство и работа на пазарот со решенија за компјутерска безбедност носи одредена предност во поглед на пристапот до ресурси и експертиза за поефикасно справување со ваквата ситуација. Настојуваме максимално да ги користиме сите алатки кои ни се на располагање за да овозможиме непречено функционирање на работниот процес за нашите вработени. Сепак, мора да напоменам дека покрај алатките исклучително е важна комуникацијата со вработените и нивна едукација во насока на правилно користење на истите.

Ако се суди според сегашната состојба свесни ли се и информирани компаниите за неопходноста од соодветна заштита при работа од дома или од далечина? 

Може да се каже дека е зголемена свесноста за потребата од соодветна заштита, но не секогаш компаниите или генерално луѓето знаат како на правилен начин да ги заштитат своите системи. Затоа Кабтел како компанија во изминатиот период имаше неколку кампањи кои имаа за цел да ја пренесат оваа информација кон што поголема публика. Тука голема улога играат и производителите на опрема или софтвер за заштита со кои соработуваме, пред се Kaspersky и Sophos, кои во овие моменти нудат огромни поволности за да помогнат во што полесно справување со предизвиците кои ги носи работењето од далечина.

Каков тип на заштита најмногу се бара во овој период? 

Во овој период клиентите најчесто бараат докажана антивирусна заштита за нивните компјутери или мобилни уреди. Би ја споменал и потребата за заштита на пристапот и комуникацијата до корпоративните мрежи преку користење на Firewall уреди, како и заштитата на е-маил сообраќајот преку користење на уреди за филтрација на истиот. Иако ниту еден софтвер или уред не се 100% гаранција за заштита, сепак ова е базата од која компаниите би требало да тргнат за да ја заштитат својата ИТ инфраструктура.

Според вашите сознанија, какви се трендовите во овој правец и на меѓународно ниво?

И на меѓународно ниво нема никаква разлика во овие трендови, глобализацијата го диктира тоа. Нема никаква разлика дали сте локална македонска компанија или мулти-милионска светска корпорација, предизвиците со кои се соочуваат компаниите во поглед на заштита на своите компјутерски системи се исти за сите. Разликата е во поглед на цената на чинење при евентуална компромитација на истите. Затоа, како што споменав и претходно, голем број од производителите нудат огромни поволности при набавка на опрема или софтвери за компјутерска безбедност, како и бесплатна едукација за ризиците поврзани со оддалеченото работење и како истите поефикасно да се надминат. Трендот е да се делува превентивно, наместо реактивно, и да се спречат несакани проблеми покрај оние со кои компаниите веќе се соочуваат во овие предизвикувачки времиња.

Зошто токму сега, во време на засилена дигитална активност, е неопходно да се има соодветна и правилна заштита. Како компаниите и поединците да знаат дека ја имаат соодветната заштита на своите податоци?

Пред се, сите се излезени од својата зона на комфор. Без разлика дали е тоа одреден вработен кој е приморан да користи алатки кои не ги користел претходно, или ИТ систем администратор кој одеднаш мора да ја приспособи својата инфраструктура за безбедно работење од далечина, сите овие новитети носат одреден притисок и зголемена шанса за правење грешки при овие процеси. Од друга страна, тука се напаѓачите и сајбер нападите кои во ова време не мируваат, туку напротив стануваат се поинвентивни и покомплексни, и во поглед на техники кои ги користат и во поглед на системи кои ги таргетираат.

Пред се, периодов се забележуваат огромни порасти во spam/phising кампањите наменети за кражба на лични податоци или за пренесување и компромитирање на компјутерските системи со ransomware. И притоа се користи актуелната ситуација за да се лажираат е-маил пораки на најразлични начини, меѓу кои: да се покаже дека потекнуваат од СЗО или друга релевантна здравствена организација, дека претставуваат покана за онлајн состанок во рамки на компанијата или со надоврешен клиент, дека се барања за донација за олеснување на борбата со COVID-19 итн. – инвентивноста е огромна. Исто така, се искористува и потребата за забава за време на карантинот па многу често во рамки на датотеки со видеа, музика или книги кои се превземаат од интернет се вгнездува и малициозен софтвер. Секако, при работењето од дома се јавува и неможноста вработените да пристапат до ИТ инфраструктура на начинот на кој се навикнати, или да добијат ИТ поддршка брзо и навремено како при нормалното работење во канцеларија, и тоа исто така е потенцијален вектор кој напаѓачите би можеле да го искористат.

Затоа е важно да се користат алатките кои претходно ги споменав. Антивирусна заштита која константно и навремено се ажурира, уреди кои овозможуваат безбеден пристап и комуникација, уреди кои даваат увид и контрола во тоа кои апликации или веб страни се пристапуваат и слично. И можеби најважно од се, комуникацијата мора да биде на повисоко ниво. ИТ администраторите мора да се стават на располагање на своите вработени и да им овозможат што е можно полесно функционирање на и пружање на соодветна поддршка кога е потребна. Вработените, пак, мора исклучително да ги почитуваат советите и насоките кои ИТ администраторите им ги даваат, без да пробуваат да ги решаваат проблемите и потешкотиите на своја рака без проверени решенија.

Само така би се намалил ризикот кој го носи овој период на вондерно функционирање.

Вашата компанија во моментов нуди неколку бесплатни продукти за компаниите, за да се им излезе во пресрет во овие специфични и отежнати моменти за функционирање и финансиски опстанок?

Да, Кабтел како компанија секогаш ја покажувала својата опшествена одговорност, и овојпат тоа не е исклучок. Веќе ги споменав светски познатите производители на опрема со кои соработуваме веќе долги години, па во соработка со нив и препознавајќи ја сериозноста на моментот, нудиме најразлични промоции и бесплатни услуги за крајните корисници без разлика дали се физички лица или компании.

Тука би ги издвоил промотивните бесплатни лиценци од Kaspersky за заштита на Office 365 работна околина, бесплатни лиценци за Kaspersky Endpoint решенијата за здравствени установи, бесплатен курс за Cybersecurity Awareness од Kaspersky, 90-дневни бесплатни лиценци за користење на Sophos XG Virtual Firewall, огромни попусти (до 100%) за набавка на хардверски Firewall уреди од Sophos и така натаму.

Секако, сите заинтересирани може слободно да не контактираат и да се информираат околу овие поволности како и да се консултираат за дилемите кои ги имаат околу заштитата на своите податоци и ИТ инфраструктура. Нашите контакти: sales@kabtel.com.mk или presales@kabtel.com.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •