Growth Labs Academy ќе едуцира ИТ експерти на македонскиот пазар по американски стандард!

- Advertisement -
Growth Labs Academy е интернационална онлајн академија што нуди курсеви за сите оние што сакаат да изградат кариера во индустријата на технологијата. Без разлика дали имате претходно техничко искуство или сте сосема нови во областа на технологијата, курсевите се состојат од модуларни степени што можат да се адаптираат на сечие ниво на знаење. Експертите во Growth Labs Academy го земаат предвид предзнаењето на кандидатите и според тоа креираат индивидуален развоен пат и уникатно студентско искуство. За предностите и уникатноста на Growth Labs Academy, најнова едукативна академија на македонскиот пазар разговаравме со Фросина Денкова Зафировска.

Новинар – Верица Јорданова

За почеток кажете ни какви програми има Growth Labs Academy и како тие можат да им помогнат на младите кои сакаат да изградат кариера во индустријата на технологијата?

- Advertisement -

Во моментов нудиме двегодишна програма за развивање софтвер, од почетно до напредно ниво. Нашите програми се изградени во соработка со  нашиот партнер, американската компанија/академија Code Fellows, со цел да донесеме американски едукативни стандарди по европски цени. Но тоа не е сè. Покрај техничките вештини, нашите студенти во текот на програмата ќе изучуваат и меки вештини и ќе поминат низ кариерен тренинг со цел да бидат целосно подготвени за процесот на барање работа и интервјуирање. Крајната цел е да се здобијат со потребните алатки што не само што ќе им ја донесат првата работа, туку и ќе им помогнат да изградат успешна и долготрајна кариера во индустријата на технологијата.

Што ве мотивираше да креирате едукативни програми?

- Advertisement -

 Како дел од ИТ Лабс, компанија која постои од 2005та година, низ годините акумулиравме искуство од индустријата, а воедно и искуство и успешна пракса во развивање и градење таленти. Оттука дојде и идејата дека сега е вистинскиот момент целото знаење и искуство од пазарот да го пренесеме во друга насока, односно да ги едуцираме новите потенцијали  во ИТ индустријата и да ги подготвиме за успешна кариера во истата.
Оттука природно дојде иницијативата и целта за го пренесеме своето знаење и како подобро да го направиме тоа отколку креирање на академија, односно на Growth Labs Academy.

Како ја оценувате понудата на пазарот на труд во нашата земја во ИТ индустријата?

- Advertisement -

Би рекла дека се уште не сме свесни колкав капацитет и талентиран кадар имаме во Македонија. Не само за работа во ИТ индустријата, туку и за иновација на нови продукти и решенија. Сметам дека е прилично конкурентна и живееме во период во кој талентот мора континуирано да се надградува, расте и да ги следи трендовите на пазарот. Побарувачката за кадар во ИТ индустријата верувам дека ќе оди во нагорна линија, земајќи ги предвид светските трендови и развојот на технологијата.

Дали нашите млади се конкурентни и на странските пазари или им недостасува едукација и пракса?

Пред да започнеме со реализација на самата идеја, секако го истраживме пазарот и што е она што се нуди. Увидовме дека потребата да се работи на реални проекти и да се учи од искусни  професионалци кои се во индустријата и се соочиле со реални предизвици на работното место е повеќе од очигледна. Оттука, тргнавме кон поврзување и соработка со интернационални ментори, кои имаат веќе докажано искуство во индустријата. Согледавме дека тие се они кои на вистински начин ќе им помогнат на нашите студенти да се подготват за реална работа и лесно да ги надминат секојдневните предизвици со кои би се соочиле на работното место. Воедно и модулот што се фокусира на развој на меки вештини низ програмата, ќе овозможи нашите студенти да бидат подготвени за реалната слика и да бидат оперативни и продуктивни од првиот работен ден.

Во што се состои иновативноста на вашите програми?

Пред се, носиме американски стандарди на едукација во Европа, што само по себе носи висок квалитет. За тоа соработувавме со нашите партнери од USA, Code Fellows кои веќе 10 години имаат успешна академија со програми со чие комплетирање ги донесе студентите до вработување во најголемите светски лидери во ИТ индустријата како IBM, Google и слично. Квалитетот и интегритетот се вредности за коишто секогаш се стремиме да се на највисоко ниво. Исто така, тоа што академијата е целосно онлајн ќе им помогне на студентите да научат и да се адаптираат да работат во интернационални remote тимови на заеднички проекти. Мотивирани од таа идеја, фокусот го насочуваме таму и кон успехот на нашите студенти. Покрај тоа што студентите ќе имаат силен фокус кон техничкото учење и работата на реални проекти, последниот модул ќе се фокусира на развој на нивните меки вештини. Тоа ќе ги подготви за да бидат успешни при наоѓање на првата работа, соработка и комуникација со професионалци од различни позадини и тимови, и секако да можат успешно и професионално да ги комуницираат своите деловни активности во една компанија.

Курсот за развивање софтвер има три степени, основен, среден и напреден. Какви знаења можат да стекнат вашите студенти од нив?

Буквално од почетничко знаење до професионалци подготвени да креираат софтверски решенија од нула. Според нивото на знаење студентите може да се запишат и без постоечко знаење и да учат се до комплетирање на напредната програма. Ние ќе го тестираме нивното знаење и согласно тоа ќе ги насочиме кое ниво е соодветно за нив со цел успешно да продолжат понатаму. Целта е од почетници кои немаат претходно знаење да креираме професионалци кои самоуверено ќе создаваат иновативни софтверски решенија.

Од друга страна, оние студенти кои започнале а би сакале да го комплетираат своето знаење на повисоко ниво, ќе можат исто така да го тестираат своето знаење и да продолжат онаму каде што претходно застанале со учење и да се надградат себеси стигнувајќи до напредно ниво.  

По завршувањето на академијата за развој на софтвер, студентите ќе можат да работат како full-stack инжинери, подготвени за реалните предизвици во ИТ индустријата.

Дали планирате да додадете и нови едукативни програми и какви?

Секако. Во моментов изработуваме програмата за сајбер безбедност и AI. Во тек сме со светските трендови и согласно тоа ги адаптираме програмите со цел да поддржиме иновација и развој на нови решенија базирани на последните технологии во светот. Следете не‘ на социјалните мрежи, новитетите ќе ги објавиме многу наскоро.

Какви се вашите планови за во иднина?

Планираме да развиваме и дополнуваме нови програми, воедно да се прошириме и на нови пазари со цел да ја инспирираме иновативноста кај младите луѓе. ИТ индустријата секако ни носи трендови кои допрва ќе ги дочекаме и ќе имаат влијание на нашите секојдневни животи. Токму затоа и се стремиме да ги едуцираме идните иноватори во овој сектор и да видиме што ни носи иднината во ИТ индустријата во следнава декада.

Сподели!
- Advertisement -