Над 21 илјада компании бараат финансиска помош за минимална плата

- Advertisement -

Речиси 21.550 компании бараат финансиска помош од 14,500 денари. До УЈП поднеле 24 илјади барања за исплата на априлската плата.  Управата во рок од 3 дена ќе им одговори дали ги исполнуваат условите за да ја искористат оваа антикризна мерка, која треба да им помогне да ја надминат неликвидноста предизвикана од корона кризата.  Најмалку барања се поднесени од оние сектори кои беа најпогодени – туристичкиот, транспортниот и угостителскиот , а најмногу од останатите  дејности.

Причините за малиот број на барања поднесени од најпогодените сектори од кризата, според Лукаревска  е  тоа што најверојатно овие сектори ги користат кредитите од Развојната банка или можеби дел од нив би аплицирале за следниот месец. Ова се мерки кои се исклучиво за зачувување на работните места и добробит на компаниите и доброволно секоја компанија може да аплицира за која мерка сака, додава и Лукаревска.

- Advertisement -

Финансика помош побарале и околу 6,000  самостојни вршители на дејност, занаетчии, земјоделци. За ослободување од плаќање данок на доход барање поднеле  800 лица, а од данок на добивка над 1,000 даночни обврзници.  Лукаревска е задоволна и  што  8.700 корисници ги донирале парите што им следуваат од повратот на ДДВ. Но дел од граѓаните, го сториле тоа по грешка.

Сподели!
- Advertisement -