“Ryanair” најавува враќање на летовите. Авионите имаат специјални филтри, а се дезинфицираат секоја вечер
Нискобуџетната авиокомпанија “Ryanair” денес најави дека од 1-ви јули ќе врати 40% од редовните летови под услов да се укинат владините ограничувања за летови во рамките на ЕУ.
“Ryanair” ќе врши речиси илјада летови дневно и ќе врати 90% од своите рути кои беа ограничени со појавата на коронавирусот. Откако неодамна беа воведени рестрикциите, оваа авиокомпанија врши 30 летови дневно помеѓу Ирска, Велика Британија и Европа, но од јули “Ryanair” планира да лета од најголемиот дел од своите 80 бази ширум Европа.
“Ryanair” објави и видео со упатства како ефикасно да се почитуваат здравствените мерки со цел сузбивање на ширењето на Ковид-19. Мерките вклучуваат пријави преку интернет, преземање на бординг билетите на паметен телефон, минување низ контрола за телесна температура и задолжително носење на заштитни маски во авионите.