Ензимот ACE2 е можната причина зошто мажите почесто заболуваат од корона вирусот

- Advertisement -

Иако од корона вирусот може да се разболи кој било, изгледа дека оваа заразна болест има поголемо влијание на постарите претставници на машкиот пол со хронични заболувања, покажуваат најновите истражувања. Студијата која беше објавена во Европскиот магазин за срце открива дека мажите со срцеви заболувања имаат поголема концентрација на ензимот ангиотензин или ACE2 во крвта отколку жените со срцеви проблеми.

Поголемата концентрација на ACE2 може да доведе до поголема осетливост на корона вирусот, тврдат авторите на студијата, но потребни се уште истражувања. „ACE2 е рецептор на површината на клетките. Се врзува за корона вирусот и му овозможува да навлезе и да ги зарази здравите клетки откако го модифицирал друг протеин на површината на клетките“ вели д-р Адријан Воорс, професор по кардиологија на Универзитетскиот медицински центар во Гронинген, Холандија, кој ја предводел студијата.

- Advertisement -

Голема концентрација на овој ензим е присутна во белите дробови, па се смета дека тој има пресудна улога во напредувањето на белодробните заболувања поврзани со корона вирусот. Лековите познати како ACE инхибитори често се користат за намалување на крвниот притисок и лекување на проблемите со срцето, крвните задови и бубрезите. Сепак, во новата студија ACE инхибиторите не биле поврзани со концентрацијата на ACE2 пронајдена во примероците од плазма.

Во рамките на новата студија била мерена концентрацијата на ACE2 во примероци од крвна плазма кај 1.485 мажи и 537 жени со проблеми со срцето во 11 европски земји.

Сподели!
- Advertisement -