Германија и официјално влезе во рецесија

- Advertisement -

Германското стопанство потона во рецесија после корона кризата и во првото тримесечје од годинава забележа најголем пад на активноста од финансиската криза пред десетина години. Германското Министерство за финансии предупредува дека податоците за второто тримесечје ќе бидат уште полоши.

Сезонски и календарски прилагодениот БДП падна во првите три месеци од годинава за 2,2% во однос на претходните три месеци, кога активноста според ревидираните податоци на државната статистичка канцеларија била нанмалена за о,1%.Тоа значи дека технички, Германија е во рецесија, која некои економисти ја дефинираат како двe последователни тримесечја на пад на активноста.

- Advertisement -

На годишно ниво БДП на најголемата европска економија е намален за 2,3%, после 0,4% зголемување во последниот квартал од минатата година. Германија поради пандемијата на корона вирусот значително го ограничи движењето на граѓаните, ги затвори училиштата и продавниците, но фабриките и канцелариите продолжија да работат, а владата на компаниите им обезбеди и значителна помош.

Токму затоа ситуацијата во Германија е малку поблага отколку во Италија и во Франција. Од германското Министерство за финансии предупредуваат дека вториот квартал годинава ќе биде уште полош од првиот.

- Advertisement -

Од крајот на април показателите кои ги означуваат трендовите во претстојниот период не влеваат надеж, иако од мај може да се случи пресврт, се вели во месечниот извештај на Министерството за состојбата на економијата.

Сподели!
- Advertisement -