Тајландски ресторан најде решение за социјалното дистанцирање – наместо луѓе, на масите седат плишани панди

- Advertisement -

Еден ресторан на Тајланд ги применува мерките за социјално дистанцирање, но во исто време на осамените гости им обезбедува друштво на многу креативен начин. Наместо други луѓе, на столовите поставува плишани панди.

Тајланд во текот на овој месец ги ублажи некои од ограничувањата за компаниите затоа што бројот на болни од корона вирусот се намалуваше. Тоа им овозможи на рестораните повторно да се отворат, но со строги правила за да се спречи ширењето на вирусот.

- Advertisement -

„Кога го отворивме ресторанот моравме да поставиме само по еден стол на масите, каде што гостите седеа сами. За нас тоа беше чудно, па решивме да им оебзбедиме некакво друштво“ вели креативниот сопственик на ресторанот во Бангкок.

Сега на масите на столови седат плишани играчки. Гостите се одушевени и се чини дека навистина се чувствуваат помалку осамени во ресторанот. Но, ова практично решение точно има определено кој каде седи со цел да се запази социјалното дистанцирање.

Сподели!
- Advertisement -