Илон Маск си стои на ветувањето дека ќе остане без куќа – го продава целиот имот

- Advertisement -

Изгледа извршниот директор на Teslа, Илон Маск, го исполнува даденото ветување дека ќе продаде се што поседува и дека нема да поседува ниту куќа. Тој сега продава уште пет од своите резиденции, кои вкупно вредат над 100 милиони долари.

Маск пред два дена стави на продажба четири недвижности во Лос Aнѓелес, чија вкупна цена е 62,5 милиони долари. Исто така, објави и дека продава куќа во Англија за 35 милиони долари.

- Advertisement -

Како што објасни Маск во својот неодамнешен подкаст: „Поседувањето имот некако ве оптеретува. Имотот е некој вид на вектор напад. Луѓето велат: ‚Милијардеру, ти имаш се’. Еве сега немам. Што ќе направите сега?“

За потсетување, богатството на Илон Маск се проценува на околу 38 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -