Визер(Wizz Air), најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 30-ти Мај.
„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.
Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите, за која треба подолго време да се реализира и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции , треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.
Wizz Air искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет“, се вели во соопштението од авиокомпанијата.