Научници создадоа сензор за плунка кој се става на телефон и детектира корона вирус

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Јута развија преносен и повеќекратен сензор кој едноставно би се приклучил на телефон за да се направи брз тест за корона вирусот. Доволно е на сензорот да се стави малку плунка и да се почека една минута.

Имено, за тестирање се користи ДНК која се врзува за коронавирусот и резултира со електрични импулси кои сензорот ги детектира и предупредува на присуство на вирусот. Може да биде самостоен уред, но може и да се постави на паметен телефон. Кога ќе го поврзете со паметен телефон, безжично или директно, можете да го користите софтверот на телефoнот за да откриете дали имате вирус.

- Advertisement -

Научниците велат дека сензорот може да се користи за откривање на присуство на корона вирусот во лебдечките микроскопски честички во воздухот во затворени простории како што се лифтови или помали простории.

Главната предност на сензорот е што може да се користи повеќе пати. Имено, електричните импулси кои се користат за детекција на присуството на корона вирусот може да се користат и за отстранување на вирусот. Другата можност е ставање на примерок од плунка на еднократна хартија која потоа се лепи на сензорот. Тоа би ја намалило можноста за лажни позитивни резултати поради остатокот од вирусот на на сензорот. Бидејќи сензорот веќе е развиен за откривање на зика вирусот, научниците се уверени дека може да се прилагоди за откривање на корона вирусот во наредните 2-3 месеци.

- Advertisement -

Фото – www.pexels.com

Сподели!
- Advertisement -