Вселенските патувања, туристичките излети, но и населувањето други планети повеќе не е само дел од фантазијата на некои писатели на научна фантастика, туку нешто што не очекува во блиска иднина. Во наредните неколку години луѓето веројатно ќе се вратат на Месечината, а тоа не може да го оствари НАСА сама, туку потребни се и приватни компании.
Со влезот на такви компании во трката за вселената, расте поасноста некој да си присвои нешто во вселената што им припаѓа на сите. Затоа, од НАСА решија да го спречат таквото сценарио и осмислија сет од правила кои мора да ги прифати секој што сака да оди во вселената.
Тие правила се викаат Артемисов договор, а името го добил според новата мисија на НАСА на Месечината. Правилата треба да воведат ред во однесувањето на меѓународните вселенски агенции, но и на приватните компании во вселената. Тие агенции ќе потпишуваат билатерален Артемисов договор во кој ќе бидат опишани заедничките визии и принципи кои се основите на Вселенскиот договор од 1967 година со цел да се создаде една безбедна и транспарентна средина во којa се поттикнува истражување, наука и комерцијална активност за сите луѓе, велат од НАСА.
Накратко, договорот вклучува начела кои НАСА ги заговара од самиот почеток, како што се мир, транспарентност и интероперабилност, но и некои интересни додатоци. Така, сите меѓународни партнери мора да прифатат јавно да ги објавуваат своите научни податоци и истражувања, како и регистрација на сите вселенски објекти кои планираат да ги остават во вселената.
Како што објаснуваат од НАСА, моментално има регистрирано 87 сателити, сонди и други вселенски објекти во регистарот кој го водат Обединетите нации. Токму тој регистар им помага на сите кои ја проучувваат вселената да внимаваат на објектите лансирани од човекот.
Артемисовиот договор бара од потписниците да ги заштитат моменталните подрачја и артефакти кои имаат историско значење, како што е местото на првото спуштање на Месечината. Исто така, пропишува и точно што можат и не можат да направат потписниците во вселената, но и дека мора да се грижат за отпадот кој го создаваат и го оставаат во вселената.
Фото – www.jpl.nasa.gov