Ави Шифман е седумнаесетгодишен тинејџер од Вашингтон, кој ја создаде најпосетената платформа за следење на состојбата со корона вирусот во светот. Судејќи по се, пандемијата на корона вирусот нема да заврши наскоро, а ова момче планира активно да ја следи се додека не заврши. Се додека сајтот е отворен, ќе продолжи да работи на енго и да додава нови функции. Кога ќе се завшри пандемијата, можеби ќе направи страница која го споредува КОВИД-19 со САРс или со шпанскиот грип.
Сајтот за следење на корона вирусот на едно место ги нуди сите информации за вирусот КОВИД-19 кои просечниот човек можеби сака да ги знае. Постојано се ажурира со статистики од земјите од целиот свет за инфекцијата, бројот на смртни случаи, бројот на излечени и сето тоа користејќи јавно достапни информации од разни официјални и проверени сајтови. Исто така, има и страница со основни информации за хигиената на рацете и листата со смртононосни вируси.
Иако Шифман се гордее со тоа што го направил, тој не сака да стане некој кој создал име за себе во време на една глобална катастрофа. „Се надевам дека во иднина ќе се врши притисок врз СЗО за да направи таква алатка. Одговорноста не треба да биде на некое дете, но очиглено луѓето сакаат да знаат статистика“ вели тој.
Негоивот сајт за следење на пандемијата со корона вирусот е навистина многу популарен – има вкупно 700 милиони посетители досега, а дневно има околу 30 милиони. Затоа сега Шифман добива понуди за псоставување реклами. Конкретно, тој добил понуда од 8 милиони долари за целиот сајт, која ја одбил. Како што вели, веројатно би можел да заработи многу повеќе од 30 милиони долариако постави огласи на сајтот, но вели дека тоа не е целта на страницата.
„Имам само 17 години, не ми требаат 8 милиони долари. Не сакам да заработувам на туѓа несреќа“ вели Шифман.
Во однос на огласите, тој вели дека не сака да биде обврзан со договор да ја чува веб локацијата или да направи промени кои не ги сака. Односно, тој знае дека многу негови посетители немаат брз интернет, па додавањето огласи би го забали сајтот. Шифман има големи планови за во иднина. Тој веќе добил понуди за работа од повеќе компании од кои една е Microsoft, но засега нема прифатено ниедна.
Фото – www.mi-reporter.com