Фејсбук останува најкористена социјална мрежа за вести, ТикТок забрзано напредува кај младата публика

- Advertisement -

Според најновиот „Извештај за дигитални вести“ (Digital News Report) на Институтот Ројтерс, базиран врз податоци од 46 светски пазари, пристапот до вести продолжува да станува сé повеќе дистрибуиран т.е. раштркан.

На сите истражувани пазари, помалку од една четвртина од испитаниците (23%) преферираат да го започнат своето разгледување на вести со веб-портал или апликација, што е за девет процентни поени помалку од 2018 година. Оние на возраст од 18 до 24 години имаат уште послаба врска со веб-порталите и апликациите, претпочитајќи пристап до вести преку други дигитални канали, како што се социјалните медиуми, пребарувањето и мобилните агрегатори.

- Advertisement -

Facebook останува најкористената социјална мрежа за вести, но поголема е веројатноста неговите корисници да кажат дека гледаат премногу вести во нивниот интерфејс во споредба со другите мрежи, односно дека платформата е пренатрупана со вести. Додека повозрасните групи остануваат лојални на Фејсбук, истражувањето на Институтот Ројтерс покажува дека најмладата генерација го пренасочува своето внимание кон „повизуелни“ мрежи во последните три години.

TikTok стана најбрзо растечката мрежа во овогодинешното истражување, достигнувајќи 40% партиципација кај испитаниците од 18 до 24 години, при што 15% од нив платформата ја користеле за вести. Употребата е многу поголема во делови од Латинска Америка, Азија и Африка отколку во САД или Северна Европа. Платформата за пораки Telegram, исто така, значително порасна на некои пазари, обезбедувајќи флексибилна алтернатива на WhatsApp кој е во сопственост на Мета.

- Advertisement -

Додека социјалните мрежи го зголемија профилот на многу дигитални новинари, истражувањето открива дека најпознатите новинари сè уште се ТВ водители во повеќето земји. Кога биле прашани да ги именуваат новинарите на кои обрнуваат внимание, мал број испитаници можеле да именуваат странски дописници, додека пак колумнистите во весниците имале поголема препознатливост во Обединетото Кралство и Финска отколку во Бразил, САД или Франција.

Паметниот телефон станал доминантен начин на кој повеќето луѓе првпат пристапуваат до вести наутро, иако истражувањето дошло до различни модели во различни земји. Во Норвешка, Шпанија, Финска и Обединетото Кралство, на пример, кон паметниот телефон се пристапува пред телевизијата, додека радиото ја задржува важната улога во Ирска. Утринското читање весници сè уште е изненадувачки популарно во Холандија, а телевизијата сè уште доминира во Јапонија.

- Advertisement -

По минатогодишното забавување делумно предизвикано од ограничувањата на движењето за време на пандемијата на  коронавирусот, се чини дека растот на аудио подкастите продолжува, при што 34% од испитаниците конзумирале еден или повеќе подкасти во последниот месец. Податоците покажуваат дека Spotify продолжува да напредува пред Apple и Google во голем број земји, додека пак YouTube бележи дополнителен напредок благодарение на растечката популарност на подкастите во видео или хибридна форма.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -