На македонскиот пазар пристигнаа технолошки супериорните клима уреди од брендот Hisense!

- Advertisement -

Деновиве на македонскиот пазар пристигна најновата линија клима уреди од брендот Hisense. Станува збор за технолошки супериорни клима уреди кои во процесот на дизајнирање, производство и тестирање ги запазуваат сите највисок стандарди за квалитетот на производите.

На македонскиот пазар овие клима уреди ги носи компанијата Горење, која всушност од минатата година е дел од семејството на Hisense, кинеската корпорација со 50-годишна традиција. Kомпанијата произведува телевизори, апарати за домаќинство, системи за климатизација и паметни мобилни телефони. Во своето портфолио има 5 големи глобални брендови, 54 филијали, 14 производствени погони, како и 12 центри за истражување и развој низ целиот свет.

Она што е уникатно кога станува збор за производство на уреди за климатизација, е што Hisense е првата компанија која го имплементираше инвертер системот на полето на климатизацијата во Кина. После 20 години развој и промоција на оваа технологија, растеше позитивното искуство и довербата на корисниците и како резултат на тоа Hisense стана носител на развојот на инвертер технологија во индустријата за климатизација.

- Advertisement -

Поради своите иновативни карактеристики, Hisense климите се создадени за класично уживање во удобноста на сопствениот дом и за оние кои бараат исклучителен квалитет и дизајн. Се одликуваат со новиот фреон R-32, енергетска ефикасност A+++/A++, дискретност, тивко работење и ефикасност.

Кои се клучни карактеристики на Hisense клима уредите?

- Advertisement -
  • Поседуваат посебен 4 во 1 филтер и дополнителен јаглен филтер
  • Најниска бучава од 19 децибели, за разлика од другите каде бучавата е над 30 децибели
  • Моделот Energy работи на -20 степени целзиусови благодарение на грејачот на надворешната единица
  • Сите модели имаат wi-fi контрола
  • Сите клима уреди имаат одлична енергетска класа и добро коефициенти
  • Сите Hisense клима уреди имаат фреон r32
  • Hisense клима уредите се погодни за сервер соби, каде е потребно одржување на соодветна температура
  • Имаат режим за одржување на температура на 8 ℃

Hisense е бренд кој е познат по своите импресивни телевизори, системи за климатизација, како и звучници и фрижидери. Клима уредите за домашна употреба имаат елегантен минималистички дизајн, тикво работење, ефикасни перформанси и две години гаранција.

Инвертер системот може да менаџира со промените на температурата, технологијата вградена во уредите користи флексибилна брзина за целосна контрола врз компресорот и оптимизација на перформансите. Сите тие фактори комбинирани со оптимизираните проводи за воздух значи дека клима уредите на Hisense нудат значителна енергетска ефикасност.

- Advertisement -

Hisense клима уредите имаат технологија за прочистување на воздухот на повеќе нивоа овозможена од пет филтри низ кои поминува воздухот . Исто така имаат и јонски генератор на студена плазма, кој дополнително го освежува и прочистува воздухот.

Во клима уредите се поставени филтри со сребрени јони кои ги ловат нечистотиите од воздухот и ги елиминираат бактериите за да обезбедат почист воздух во просториите. Секој уред исто така има и посебен начин на работа Hisense Quiet Mode, кој е создаден со цел да се поддржи ефикасниот проток на воздух и да се минимизира бучавата без намалување на перформансите. Тоа значи дека и во најтоплите ноќи можете да го чувате клима уредот вклучен без да ви пречи во спиењето.

Исто така, можете да избирате и од други два начини на работа: Eco Mode и Smart Mode. Eco Mode обезбедува заштеда на енергија, додека Smart Mode може да ја постави температурата и да го пренасочи воздухот врз основа на оптималната собна температура. Hisense клима уредите ја содржат и технологијата IFEEL, која го користи сензорот за температура поставен во далечинскиот управувач за системот да се прилагоди врз основа на температурата која ја детектира сензорот во далечинскиот управувач, а не локалната температура.

Hisense е бренд основан во 1969 година, а во 2019 година приходите од аквизираните брендови изнесуваа околу 6,5 милијарди долари со годишен раст од 21%. Вкупниот профит на компанијата изнесуваше 1,1 милијарди долари, со раст од 24% во споредба со истиот период претходната година.

Производите на Hisense се извезуваат во повеќе од 160 земји ширум светот.  Со повеќе од 80.000 вработени ширум светот, Hisense Group поседува 14 индустриски паркови лоцирани во: Чингдао, Шунде, Хужу, Чешка Република, Јужна Африка, Мексико итн. Исто така, има и 18 центри за истражување и развој лоцирани во Чингдао, Шенжен, САД, Германија, Израел итн.

Сподели!
- Advertisement -