Нов гумен материјал самиот се поправа по потреба

- Advertisement -

Замислете да ви се дупне гумата на автомобил, но наместо да ја заменувате со нова едноставно ја мачкате со хемикалија која предизвикува гумата самата да ја затвори дупката. До такво достигнување дојдоа истражувачи од австралискиот Универзитет Флиндерс. Тие тврдат дека материјалот е направен од отпадни продукти и може самиот да се рециклира.

Новиот материјал е направен од повеќе од 50% сулфур, помешан со масло од канола и хемиска состојка наречена дициклофентадиен. Оваа необична мешавина го прави погоден за разновидна употреба. Но, најчудното својство на материјалот е тоа што е еден вид на лепило, на кој му треба некаков активатор. Состојката која недостасува е аминокатализатор и кога ќе се додаде, гумата станува леплива, се рециклира самата без да ја изгуби цврстината.

- Advertisement -

Гумата се лепи самата кога аминокатализаторот ќе се нанесе на површината. Лепењето е многу посилно отколку многу комерцијални лепаци. Полимерот исто така е отпорен на вода и корозија“, вели Том Хасел, автор на студијата.

Истражувачкиот тим вели дека лепењето може да се изврши дури и на собна температура и тоа само за неколку минути. Токму затоа материјалот е корисен за поправање на гумени производи како што се автомобилските гуми. Дополнителен бонус е тоа што трите главни состојки на материјалот се индустриски отпад. DCPD, на пример, е нуспроизвод при рафинирање на нафтата. Тоа значи дека производството на новиот материјал е евтино и еколошко.

Сподели!
- Advertisement -