Се повеќе луѓе кои живеат во големите градови во време на пандемија на корона вирусот се враќаат назад на старите и добри велосипеди. Тоа е сосема логично затоа што се еколошки и помагаат за одржување здрав живот.
Во последно време се појавија многу велосипеди кои се склопуваат, но ниден од нив не е како Tuck Bike. Tuck Bike е првиот и единствен велосипед во светот на кој му се склопуваат и тркалата и целата рамка. Благодарение на тоа целиот велосипед може да се склопи и да го собере во една чанта и да го носите со себе каде и да одите.
Според производителите, Tuck Bike тежи околу 14 кг, а се склопува до димензии 61 X 83 X 37 см и велат дека нема никаква разлика во брзината или ракувањето во споредба со обичните велосипеди. За разлика од конвенционалните гуми, Tuck Bike има безводушни гуми кои се направени од пена и се преклопуваат на три места.
Tuck Bike уште е во фаза на прототип. Според истражувањата, кампањата на Kickstarter ќе започн во септември годинава. Ако сакате да купите ваков велосипед, кампањата ќе биде лансирана во септември годинава, а за нови информации за Tuck Bike следете ја официјалната веб страница. Се очекува дека цената на велосипедот ќе биде од 1.600 до 2.500 долари.