Во Грција летово исто како порано – нема ни тестови за корона, ни карантин

- Advertisement -

На туристите во Грција годинава нема да им треба ни тест за КОВИД-19, а нема да има ни карантин, пренесува порталот Grčkainfo. Тоа е предвидено во планот за стартување на туризмот во Грција наречен „Restart tourism”, кој го објави грчкиот премиер Кријакос Мицотакис и министерот за туризам Харис Теохарис.

Туристичката сезона почнува на 15 јуни и ќе се применуваа сите здравствени протоколи за граѓаните и останатите туристи да останат безбедни, а можно е и тестирање на посетителите со метода на случаен избор при престојот во земјата. Се очекува да дојдат туристи од околу 20 земји со добри епидемиолошки резултати. Листата со земјите ќе биде објавена на крајот на овој месец, а грчкиот премиер Мицотакис изјави дека станува збор за земји од Балканот, балтички земји и земји од Северна Европа.

- Advertisement -

Според информациите на грчката телевизија SKAI, првите 18 земји чии туристи се добредојдени во Грција од 15 јуни натаму се: Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Полска, Северна Македонија, БиХ, Унгарија, Словачка и Чешка.

Предвидено е едрењето по грчкото море да почне на 25 мај, а камповите и хотелите кои се отворени во текот на целата сезона почнуваат со работа на 1 јуни. Исто така, на 15 јуни ќе бидат отворени сезонските хотели во Грција, а истиот ден почнуваат и летовите со авион за почеток само преку аеродромот во Атина.

- Advertisement -

Туристите од останатите земји се очекуваат од 1 јули, кога истовремено се отвораат и сите останати аеродроми во земјата, додека постепено остранување на сите мерки се очекува од 15 јули.

(фото: hippopx)

Сподели!
- Advertisement -