Руската вакцина одобрена и за луѓе постари од 60 години

- Advertisement -

Русија вчера ја одобри својата вакцина против корона вирусот Sputnik V за лица постари од 60 години, соопшти руското Министерство за здравство. Луѓето постари од 60 години досега беа исклучени од националната програма за имунизација во Русија.

Со оглед на тоа дека вакцината во оваа старосна група е тестирана посебно, сега е потврдена нејзината безбедност и за оваа категорија од населението. Да потсетиме, прелиминарните податоци од клиничките испитувања покажаа дека ефикасноста на руската вакцина е 69,3% после инјектирањето на првата доза и 96,2% после втората доза.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -