УЈП: Оваа недела истекува рокот за потврдување или корегирање на Годишната даночна пријава

- Advertisement -

На 31.05.2020 година истекува рокот за потврдување или коригирање на Годишната даночна пријава, велат од УЈП.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

- Advertisement -

На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година.

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време коешто досега даночните обврзници го губеа чекајќи во долги редици пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи, стои во соопштението од УЈП.

Сподели!
- Advertisement -