Обединетите нации предупредуваат дека 265 милиони луѓе ширум светот може да се соочат со глад бидејќи поради корона вирусот се дуплираше бројот на луѓе кои се соочуваат со сериозен недостиг на храна.
Глобалните синџири за снабдување со храна се пореметени поради пандемијата затоа што компаниите кои одгледуваат, кои пакуваат и кои транспортираат храна се борат да останат отворени.
Нациите низ целиот свет поставуваат контроли на граничните премини и забрани за извоз, а ресурсите се максимално испланирани во оваа пост-корона доба. Агенцијата за храна на ОН предупредува на екстремни и итна потреба од достава на храна во делови од земјите во развој.
Гладот може да погоди повеќе од 30 земји во развој, од кои голем дел веќе имаат проблеми со внатрешни конфликти и со последиците од климатските промени. Во источноафриканските земји, вклучувајќи ја и Етиопија, моментално има наезда на скакулци. Во Јужен Судан 61% од популацијата лани имаа проблеми со глад, а Јемен можно е да се соочува со најголемата хуканитарна криза во светот.
Од Советот за безбедност на ОН се бара да даде 2 милијарди помош со цел да им помогне на најсиромашните нации во светот. ОН ги предупредуваат земјите од целиот свет дека треба да се реагира брзо за да се избегне катрастрофален глад.