Сите канцеларии до 2030 година ќе бидат виртуелни

- Advertisement -

Со користење на пет трендови целиот концепт на централизирано работно место ќе стане целосно застарен. Сопствениците на компании и претприемачите мора да размислуваат многу подалеку од сегашните open-space канцеларии или работата од дома. Во не толку далечната иднина вработените во најпаметните компании ќе работат на далечина од кој било дел од светот и ќе комуницираат преку виртуелна реалност.

Технологиите за создавање виртуелно работно место веќе постојат. Како што цените неминовно паѓаат и самата технологја станува попрактична и потранспарентна, побарувачката за таквите работни места ќе експлодира поради следните трендови:

- Advertisement -
  1. Зголемена свест на јавноста за здравствените ризици. Медицинската заедница одамна истакна дека канцелариите се суштинско легло на зарази и доведуваат до непотребно ширење на болести. Кога киваме, капките плунка поминуваат низ целата канцеларија и се задржуваат на предмети кои секојдневно ги допираме, а ретко се чистат како што се тастатурата, глушецот, наслонот за рацете на столовите.
  2. Зголемена свест на јавноста за влијанието на јаглерод-диоксидот. Секојдневното користење на превозот за одење на работа придонесува за испуштање големи количини СО2. Самите канцеларии, особено големите простории со високи тавани, имаат влијание врз огромната количина јаглерод диоксид. Бидејќи климатските промени се во тек, тоа е неодржливо.
  3. Напуштање на идејата за open-space канцеларии. Се покажа дека open-space канцелариите претставуваат катастрофа за продуктивностра. Тие ја намалуваат, а не ја зголемуваат соработката и ако ја пресметате намалената продуктивност, не штедат пари.
  4. Голема побарувачка за се поретки вештини. Дури и во областите како Силиконската долина, може да биде тешко или дури невозможно да се најдат работници со знаење кои посетуваат специфични вештини и тогаш мора да им се плаќа специјален надомест затоа што трошоците за живот се толку високи,
  5. Желба конечно да се елиминира пристрасноста на работното место. Физичките канцеларии се засноваат на физичка појава. Постои постојана дискриминација на жените шри вработувањето и напредокот на работното место, дискриминација на малцинставата, на тие кои не се конвенционално привлечни и на сите кои се малку постари. Пристраноста базирана на изгледот еневозможна во виртуелните канцеларии затоа што начинот накој се прикажувате зависи од вас – тоа може да биде аватар кој личи или не личи на вас.

(фото: media defence)

Сподели!
- Advertisement -