Антарктикот е единствениот континент во светот на кој нема коронa вирус

- Advertisement -

Додека целиот свет се бори со ширењето на корона вирусот, Антарктикот остана единствениот континент на кој ја нема оваа зараза. За тоа несомнено придонесе географската изолираност, но и брзата одлука на надлежните.

Тамошните власти го откажаа целиот туризам, го евакуираа целиот персонал кој не е неопходен и ги забранија сите контакти меѓу меѓународните бази. На Антарктикот има станици од 29 земји.

- Advertisement -

Воведени беа строги здравствени протоколи, а посетите се ограничени на неопходни. Острите климатски услови на Антарктикот отсекогаш барале блиска соработка на разни меѓународни мисии. Блиску една до друга, на пример, се базата на Чиле, една руска база, како и мисии на Уругвај, Кореја и Кина. Тие претходно често заедно се рекреирале, славеле национални празници и родендени. Но, стравот од корона вирусот го прекинал целиот физички контакт меѓу членовите на базите.

Антарктикот имаше среќа и што кризата се совпадна со крајот на туристичката сезона таму, во текот на која континентот годишно го посетуваат 50.000 луѓе кои со крузери доаѓаат да ги гледаат пингвините во недопрената природа.

- Advertisement -

Кога некој би се разболел од КОВИД-19 би било катастрофално за нас. Поради тоа преземаме превентивни мерки. Превенцијата е многу подобра од лекувањето, велат истражувачите.

Од април таму настапува остра зима и сонцето го снемува. Временските услови овозможуваат само неопходни патувања. Персоналот таму на тој начин е изолиран, а прогласувањето на пандемијата дополнително ги заострило мерките. Залихите се дезинфицираат пред истоварување, а контактот со екипажот на бродовите е минимален. Морнарите остануваат на палубата и нема физички контакт со нив.

- Advertisement -

Речиси сите мисии го намалиле бројот на членови на десетина. Кај некои наредната смена стигнува во декември, па целата зима ќе ја поминат таму и немаат контакт со другите бази.

Сподели!
- Advertisement -