Научници од МИТ ја претворија структурата на корона вирусот во музика со цел подобро да ја разберат. Тие на различните аминокиселини им дадоа посебна, уникатна нота. На тој начин успеаја да создадат музичка репрезентација на боцките на вирусот.
Музиката на корона вирусот ја отсвирила вештачка интелигенција на неколку различни инструменти. Музиката која трае дури 110 минути секој може бесплатно да ја слушне на SoundCloud.
Музиката открива интересни детали за коа како клетките на корона вирусот се прикачуваат за човечките и им помага да сфатат како можат да ни помогнат научниците. Ако научниците најдат друг протеин со слична мелодија на вирусот, тие протеини потоа ќе можат да се искористат за врзување на антителата за вирсот и ќе се уништи способноста на вирусот за заразува други луѓе.