- Advertisement -
Американскиот бренд Coca-Cola по повод 24 мај, денот на светите Кирил и Методиј и на словенската писменост, одлучи на специјален начин да го честита празникот.
Руската подружница на Coca-cola пушти во продажба пијалаци на кои името на брендот е напишано на глаголица – првото словенски писмо создадено од солунските браќа Кирил и Методиј.
- Advertisement -
„Каков е тој јазик? Дали е навистина од нашата планета? Всушност, тоа е првото словенско писмо – глаголицата. Доколку во извесен момент не беше заменета од кирилицата, симболите на глаголицата денес ќе беа насекаде околу нас“ се наведува во фејсбук-објавата на Coca-cola – Русија.
(instore.mk)
- Advertisement -