Италија денес ги отвора границите за туристите од најголем дел од европските земји. Исто така, од синоќа на полноќ укинати се органичувањата за патување внатре во земјата, што значи дека повеќе од 60 милиони жители во Италија можат слободно да се движат меѓу регионите.
„Се соочуваме со калкулиран ризик дека кривата на вирусот може повторно да се зголеми. Мора да го прифатиме тоа, инаку повеќе никогаш нема да можеме да се вратиме во нормала“ зијави премиерот на Италија, Џузепе Конте.
Туризмот е од суштинско значење за италијанската економија, но беше стопиран поради пандемијата. Некои знаменитости во земјата како Колосеумот во Рим беа отворени изминатите неколку дена.
Италија е една од земјите кои се најтешко погодени од корона вирусот, Вкупно беа заразени 230.000 луѓе, а починаа 33.500 луѓе. Покрај отворањето на регионалните граници во неки делови од Италија се зајакнуваат контролните мерки со цел спречување на ширењето на вирусот со помош на дигитални апликации за следење на туристите, мерење на телесната температура со термоскенери итн.