Оваа колиба во Русија се загрева бесплатно со рударење биткоин

- Advertisement -

Најпознатата криптовалута во светот, која последниот период доживеа нагли пад на вредноста, кога беше во пикот на вредноста поттикна многумина да инвестираат во неа, додека други да почнат да „рударат“ преку своите компјутери. Сибериските препприемачи Илија Фролов и Дмитриј Толмахјов открија дека можат да загреат една колиба од 20 квадрати со само два компјутери и истовремено да заработат по 430 долари месечно.

За трансакциите на биткоин е потребна голема процесорска моќ, а тоа пак произведува голема топлина. Повеќето „рудари“ едноставно ја губат таа топлина во атмосферата, но не и Фролов и Томахјов. Тие изградија колиба во сиберискиот град Иркутск и ја загреваат со само две машини за „рударење“. Секој месец тие заработуваат по околу 430 долари, а не плаќаат ништо за да ја загреваат колибата.

- Advertisement -

Бидејќи биткоин е релативно нов, се смета дека е навистина ризична инвестиција, но сепак досега на тие што ризикуваа им обезбеди многу поголема заработка отколку која било друга валута. Процесот на „рударење“ на биткоин утврдува кои трансакции се валидни, а кои треба да се додадат во blockchain. „Рударењето“, исто така, осигурува дека системот не може да се изигра, што значи дека оваа криптовалута е посигурна отколку американскиот долар, пишува Inhabitat.

Секои десет минути компјутери со кои се „рудари“ собираат неколку стотици биткоин транскации кои чекаат одобрување и ги претвораат во математичка загатка. Првиот „рудар“ кој ќе го најде решението им го кажува на другите во мрежата. Другите рудари потоа проверуваат дали испраќачот на средствата има право да ги троши парите. Доколку има одобрение, блокот се додава во blockchain и се преминува на наредните трансакции. „Рударот“ кој ќе го најде решението добива 12,5 биткоини како награда, но само откако ќе се додадат 99 блокови во мрежата/ Тоа ги мотивира „рударите“ да продолжат да работат.

Сподели!
- Advertisement -