Денес во Научно-технолошкиот парк во Белград беше претставен проектот за паметни телефонски говорници, кој опфаќа замена на 100 говорници во централните белградски општини.Договорот за соработка на дигитализацијата на телефонските говорници го потпишаа компаниите Telekom Srbija и Strawberry Energy, која е пионер во развојот на паметни IoT уреди и решенија за паметни градови.
Во рамките на првата фаза од проектот, чија вредност е 2,5 милиони евра, наесен ќе бидат заменети првите 50 говорници. Од прототипот на говорниците може да се види дека освен телефонски повици, паметните говорници ќе нудат бесплатен интернет, СОС повици, полнење на мобилни телефони. На интеркативниот екран осетлив на допирќе даваат и информации за градските услуги, мапи на градот и линиите на градскиот превоз, туристичка и културна понуда на градот итн. Проектот ќе биде целосно бесплатен за граѓаните.