- Advertisement -
Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во Црна Гора.
„Ова е резултат на повеќемесечни напори на сите во системот и нашите граѓани. Ви благодариме на довербата. Некои мерки ќе бидат укинати, но бидејќи пандемијата уште трае, остануваат во сила мерките против импортација на вирусот“, соопшти црногорската влада на „Твитер“.
- Advertisement -
Црна Гора 28 дена по ред нема регистрирано случаи на заболени од коронавирус.
Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 324 случаи на заразени од коронавирус, оздравеле 315, а 9 починале.
- Advertisement -
(denar.mk)
- Advertisement -