Научници создадоа вештачка крв која е подобра од вистинската

- Advertisement -

Колку и да се денешните технологии во медицината и хирургијата напредни, успешноста на многу операции зависи од трансфузијата на крв. Многу тимови научници ширум светот настојуваат да најдат алтернатива во вештачката крв, која целосно би ја сменила денешната медицина, но тоа е прилично тешка задача.

Научници од Универзитетот Њу Мексико, Sandia National Laboratoriesa и Универзитетот за технологија во Јужна Кина произведоа вештачка крв која има иста функција како вистинската, односно пренесува кислород од белите дробови до целото тело, но може многу повеќе од тоа. Нивните вештачки црвени крвни зрнца освен таа задача, можат низ телото да пренесуваат лекови, да откриваат токсини, како и да изведуваат некои дополнителни задачи.

- Advertisement -

За да ја произведат вештачката крв научниците се послужиле со вистинска крв. Донираните крвни зрнца се прекриени со тенок слој на слициум и слоеви од полимер со позитивен и негативен набој. Силициумот потоа се одвојува, а површината е прекриена со природни мембрани од црвени крвни зрнца.

Конечниот резултат се вештачки црвени крвни клетки кои имаат слична големина, сличен облик, сличен набој и состав на површинските протеини како и вистинските. Научниците покажаа дека тие зрнца можат да се деформираат доволно за да поминуваат низ тесни премини како што се капиларите. Клетките се тестирани на глувци, каде што циркулирале повеќе од 48 часа, без никакви токсични нуспојави.

- Advertisement -

Во другите тестови научниците покажаа различни способности на црвените крвни клетки, па ги користеа за пренесување на хемоглобин, лекови за тумор, сензори за токсини и магнетни наночестички. Секој од тие „додатоци“ претставува различен потенцијал за можна примена, вклучувајќи и надворешна манипулација.

Во своите понатамошни истражувања научниците дополнително ќе истражуваат и ќе ги тестираат вештачките крвни клетки и се надеваат дека ќе ги подготват за клинички тестирања на луѓе. Целиот научен труд можете да го прочитате на овој линк.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -