Г20 издвои 21 милијарда долари за борба против корона

- Advertisement -

Земјите од Г20 групата викендов објавија дека одвојуваат повеќе од 21 милијарда долари за борба против корона вирусот. Досега земјите членки на оваа групација одвоија повеќе од 21 милијарда американски долари за поддршка на финансирањето на гобалното здравство. Средствата се насочени која дијагностија, вакцини, терапија и истражување и развој, наведуваат оттаму.

Во април Г20 ги повика сите земји, невладини организации, филантропи и приватниот сектор да помогнат во покривање на наедостатокот на финасии за поддршка на борбата против корона вирусот.

- Advertisement -

Г20 е неформален форум кој ги обединува министрите за финансии и гувернери на централни банки од 20 економии, меѓу кои 19 најразвиени национални економии и ЕУ како посебна целина.

Најмаку 390 ијади луѓе починаа од Ковид 19, а повеќе од 6,6 милиони се заразени со вирусот, по појава на пандемијата која започна во Вухан во Кина кон крајот на минатата година.

Сподели!
- Advertisement -