Се сеќавате ли на Google+? Социјалната мрежа на Google, која требаше да ги обедини на едно место опциите на LinkedIn, Facebook и Twitter, но никогаш не заживеа. Корисниците не беа баш расположени за уште една социјална мрежа која нема да знаат да ја користат, па затоа од Google одлучија да стане дел од историјата.
Имено, официјалната поддршка за Google+ завршува на 7 јули, но корисниците тогаш ќе добијат нова замена која се вика Google Currents и ќе биде достапна преку G Suite. Сакале или не, корисниците ќе бидат префрлени на Currents и ќе мора да се запознаат со новите можности и новиот изглед, а се претпоставува дека потоа Google+ конечно ќе замине во заборав.
Нема многу информации за Currents, освен тоа дека ќе биде фокусиран на интернет-комуникацијата меѓу вработени, со неколку нови функции кои Google+ ги нема. Оние кои имаа прилика да го видат го споредуваат со Slack или Microsoft Teams. Засега не е познато дали Currents ќе биде достапен само за бизнис корисници или ќе добие варијанта за приватни корисници.
(Zimo)
(фото: Google)