Загадувањето на воздухот може да влијае на тоа колку сме среќни

- Advertisement -

Со децении БДП е стандардна мерка за добросостојбата во една држава. Но, сега станува се појасно дека економскиот напредок по автоматизам не значи и поголема среќа на секоја индивидуа. Како што нациите стануваат побогати, животната средина, односно здравата животна средина и квалитетот на воздухот се намалуваат.

Бенефитите по менталното здравје од зелените површини како парковите или крајбрежното зеленило одамна се познати, но неодамна истражувачи почнаа да ја анализираат улогата на загадувањето на воздухот во менталното здравје и среќата кај луѓето. Негативните последици на воздухот со лош квалитет врз когнитивните перформанси и продуктивноста на луѓето се многу големи и трајни. Поврзаноста на стапката на смртност кај новороденчиња и респираторните болести од загадениот воздух е добро позната, а Светската здравствена организација проценува дека околу 7 милиони смртни случаи годишно се причинети од загаден воздух.

- Advertisement -

Сега има конкретни докази за врската меѓу менталното здравје и среќата кај луѓето и квалитетот на воздухот. Тие докази се резултат на различни студии од различни земји. Најопсежната од студиите ги следи истите луѓе подолг временски период и открива кои промени се случуваат кај луѓето паралелно со менувањето на квалитетот на воздухот и какви промени се јавуваат во нивното расположение.

Една иновативна студија се одвивала во Германија кога во големи електрани биле поставена опрема дизајнирана за намалување на емисијата на стакленички гасови. Истражувачите имале пристап до податоци за расположението на околу 30.000 Германци и сите ги категоризирале според тоа дали живееле во близина на електраните. Истражувањето открило дека тие што живееле во правец во кој дува ветерот станале посреќни после инсталацијата на опремата, додека тие што живееле во спротивен правец не забележале никаква промена.

- Advertisement -

Економисти и истражувачи постојано бараат нови начини за тестирање на врската меѓу загадениот воздух и среќата на луѓето. Една неодамнешна студија објавена во списанието Nature Human Behaviour доаѓа од Кина. Истражувачи ги анализирале пораките на платформата Sina Weibo (кинескиот еквивалент на Twitter) во врска со нивните чувства. Тие анализирале 210 милиони такви пораки и со оглед на тоа кој ги испратил пораките, од каде и колку биле среќни луѓето во моментот кога ги испратиле, воспоставиле врска (во реално време) помеѓу расположението на луѓето и индексот на загадување на локалниот воздух. Во студијата биле вклучени вкупно 144 кинески градови и се покажало дека луѓето се полошо расположени кога има повисоко загадување на воздухот. 

(World Economic Forum)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -