А1 Македонија со нова намалена промотивна месечна претплата на Smart Home пакетите, како и на сите паметни уреди кои можат да се комбинираат согласно потребите на корисниците. Smart Home решенијата се состојат од паметни електрични уреди за управување во домаќинството со кои корисниците имаат можност да ја зголемат својата удобност, сигурност и безбедност.
Со новата промоција А1 им нуди на своите корисници намалени цени на Smart Home пакетите, како и на месечните претплати за истите. Имено, отсега месечната претплата на уредите во пакетите Smart Home Basic во кој се вклучени централна единица, два паметни приклучоци и сензор за врати и прозорци e 399 денари, за Smart Home Protect во кој се вклучени централна единица, два паметни приклучоци, сензор за врати и прозорци, внатрешна камера и повеќенаменски сензор е 599 денари, а за Smart Home Comfort во кој се вклучени централна единица со SIM, два паметни приклучоци, два сензори за врати и прозорци, паметен засилувач, внатрешна камера и повеќенаменски сензор е 699 денари. Месечната претплата за услугите од пакетите Basic и Protect е 0 денари, а претплатата за услугите од пакетот Comfort изнесува 199 денари, со склучување на договор за 24 месеци.
A1 Smart Home на корисниците им овозможува преку користење на едноставна апликација на смартфон, да управуваат со електричните уреди во домот и да проверат дали е сè во ред во секое време, од кое било место. На овој начин се намалуваат трошоците и се заштедува време. Smart Home е достапен за сите, а инсталацијата е многу едноставна, без кабли и губење време. Уредите имаат можност за посебен режим и ограничено управување за деца со што се овозможува секој член од семејството да ги користи.