Функционери на Европската унија одлучуваа кои земји ќе смеат да влезат во ЕУ од 1 јули, кога ќе се отворат границите. Тие составија две листи – една за тие на кои им е дозволено да влeзат, а другата за тие на кои не им е дозволено.
Листите веќе предизвикаа контроверзни реакции откако извори блиски до ЕУ открија дека САД е на листата со земји на кои им е забранет влезот во ЕУ. Листата со земји на кои им е забранет влезот не е конечна и уште се преговара.
Од извори на ЕУ, Euronews ја доби целосната листа со земји за кои границите на Европа ќе бидат целосно отворени од 1 јули. Исто така, повторно се дискутираше за избраниот датум и се предлага одложување.
Целосната листа со земји на чии жители ќе им биде дозволено да влезат во ЕУ е следната:
Ватикан
Монако
Црна Гора
Андора
Србија
БиХ
Украина
Албанија
Турција
Косово
Демократска Народна Република Кореја
Туркменистан
Виетнам
Кина
Тајланд
Мјанмар
Монголија
Јапонија
Јужна Кореја
Грузија
Бутан
Либан
Индонезија
Узбекистан
Индија
Таџикистан
Казахстан
Палау
Нов Зеланд
Австралија
Доминика
Бахами
Света Луција
Уругвај
Јамајка
Куба
Гвајана
Парагвај
Венецуела
Никарагва
Костарика
Канада
Ангола
Тунис
Намибија
Уганда
Мозамбик
Маврициус
Замбија
Руанда
Етиопија
Алжир
Египет
Дипломатски извори велат дека има несогласување во поглед на тоа кои критериуми треба да се користат при формирањето на листите. Некои тврдат дека податоците за КОВИД-19 не се толку прецизни. Тие бараат од Европската агенција за превенција на болести да даде повеќе детали и листите да се ревидираат секои две недели.