Прелиминарна студија во која биле вклучени пациенти хоспитализирани поради КОВИД-19 покажа дека болеста во некои потешки форми може да предизвика оштетување на мозокот, да предизвика компликации како мозочен удар , воспаление и симптоми како психоза и деменција. Тоа се резултатите на првата детална студија за невролошките компликации на КОВИД-19, велат истражувачите, нагласувајќи ја потребата за опсежни студии за да се откријат механизмите кои се кријат зад нив и да се олесни потрагата по лек за оваа заразна болест.
„Ова е битно евидентирање на компликациите кои ги предизвикува КОВИД-19 врз мозокот кај хоспитализираните пациенти. Многу е битно да продолжиме да ги собираме таквите информаци за целосно да го разбереме вирусот” вели коавторката на истражувањето, Сара Пет, која е професорка на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Во студија објавена во четвртокот во списанието Lancet Psychiatry детално се проучени 125 случаи ширум Велика Британија. Коавторот Бенедикт Мајкл од Универзитетот Либерпул вели дека е битно да се спомене дека истражувањето било фокусирано на тешките случаи на болеста. Податоците се собрани во периодот од 2 до 26 април, додека бројот на заболени во Велика Британија експоненцијално растел.
Најчестите компликации биле мозочен удар, кој е пријавен кај 77 од 125 случаи. Од тие случаи најголем дел биле пациенти постари од 60 години, а главно станувало збор за исхемиски удар, односно згрутчување на крвта во мозокот. Студијата покажала дека 39 од 125 пациенти покажувале знаци на збунетост или промена во однесувањето, што се одразило и на нивната психичка состојба. Меѓу нив девет личности имале неспецифични мозочни дисфункции, односно енцефалопатија, а кај седум имало воспаление на мозокот, односно енцефалитис.
Мајкл вели дека овие откритија се битен чекор кон дефинирање на дејството на КОВИД-19 на мозокот. „Сега ни се потребни детални студии кои ќе ни помогнат да ги сфатиме можните биолошки механизми за да можеме да истражуваме моќни лекови“ вели Мајкл.
(Dnevnik.hr, Lancet Psychiatry)
(фото: