Знаете ли како мириса вселената? Сега мирисот на вселената можете да го носите како парфем

- Advertisement -

Ако некогаш ве интересирало како мириса вселената, еден нов парфем може да ви го даде одговорот на тоа прашање, пишува CNN. Имено, новиот парфем наречен Eau de Space беше создаден со цел да го донесе мирисот на вселената на Земјата, вели неговиот креатор, Стив Пирс.

Пирс е хемичар и основач на компанијата Omega Ingredients, специјализирана за создавање најквалитетни природни вкусови за индустријата за храна и пијалаци, пишува на нивната интерент страница. НАСА го анагажирала Пирс во 2008 година за да создаде мирис на вселената о му требале четири години за да успее во тоа.

- Advertisement -

Мирисот е создаден за да им помогне на астронаутите во обуките пред лансирањето во вселената и е дел од програмата на НАСА за остранување на можните изненадувања во вселената. “Парфемот наликува на мирисот од пушка откако ќе се искпука куршум. Мислам дека е речиси горчлив поради мирисот на согорување и чад“ го опишува своето искуство астронаутката Пеги Витсон, која престојувала на Меѓународната вселенска станица.

Компанијата Omega Ingredients тврди дека астронаутите го опишувале мирисот на вселената како мешавина од барут, малини, рум и изгорено месо. Креаторите на тој необичен парфем сега развиваат парфем со мирис на Месечината.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, CNN)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -