Позната цената на лекот кој се покажа најдобар за лекување од корона вирус

- Advertisement -

Конечно е познато точно колку чини петдневниот третман со лекот за ковид-19. Американсата биофармацевтска копанија Gilead објави дека цената на петдневниот третман со „ремдесивир“ во САД и во другите развиени земји ќе изнесува 2.340 долари.

За да осигураме поширок и порамноправен пристап во време на огромна побарувачка поставивме цена за владите на развиените земји од 390 долари по ампула. Базирано на сегашниот начин на дозирање, во текот на пет дена лекување би се потрошиле шест таблети“, изјави извршниот директор на Gilead, Даниел О’Деј.

- Advertisement -

Тој појасни дека одлуката била донесена со цел да се отстрани потребата да се договара цената со секоја земја одделно, а цената која ја одредиле можат да си ја дозволат и земјите со помала куповна моќ.

Оваа цена ќе им биде понудена на сите земји во кои „ремдесивир“ веќе е одобрен за користење. О’Деј додава дека во земјите во развој, каде што здравствената инфраструктура и економијата се уште во развој, постигнал договор со производителите на генерички лекови за тие да произведуваат поевтина верзија на лекот за да биде достапен до што повеќе луѓе.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -