Словенија, Турција и Србија се најиновативни земји во Југоисточна Европа

- Advertisement -

Словенија, Турција и Србија се највисоко рангирани од земјите во Југоисточна Европа според националните иновациски системи, истакнаа од Европската комисија. Словенија е на прво место по иновативноста, а веднаш по неа се две земји кои не се членки на ЕУ – Турција и Србија, додека Романија и Бугарија се единствените земји-членки на ЕУ во групата средни иноватори, со резултат 50% или помалку од просечната оценка во ЕУ, се вели во соопштението на Европската комисија за последното издание на European Innovation Scoreboard.

И покрај, тоа, Словенија е единствената земја во групата 12 средни иноватори од Југоисточна Европа која забележа пад на оценката од 9,9% поради лошите перформанси на новите докторанди. Перформансите на Србија забележаа пораст од 13,2% како резултат на силната пенетрација на широкопојасниот Интернет. Турција, пак, ја подобри оценката за 12,5% и заедно со Словенија се единствените земји од Југоисточна Европа во групата средни иноватори за 2020 година.

- Advertisement -

Црна Гора, која за прв пат е рангирана годинава, и Северна Македонија исто така се во групата средни иноватори, иако забележале подобрување на перформансите за 5,0%, односно за 14,8%. Резултатот на Бугарија беше 49% од просекот во ЕУ за 2012 година и 45% од просекот на ЕУ во 2019 година, а најниска оценка има на полињата истражување и развој во јавниот сектор, јавно-приватните копубликации, најцитирани публикации и доживотно учење.

Романија има најлоши перформанси, со резултат еднаков на 34% од просекот во ЕУ за 2012 година и 32% од просечната оценка во ЕУ за 2019 година, а најслаби полиња по иновативноста се инвестициите на компании и човечките ресурси.

- Advertisement -

(Seenews.com)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -