Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека започнува летна кино програма, а првиот викенд ќе го одбележи европскиот филмски предизвик или European Film Challenge, со селекција на 4 современи европски филмови.
European Film Challenge е иновативна дигитална платформа, што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија. Третиот европски филмски предизвик #EuropeanFilmChallenge е во тек, a победникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на Интернационалниот Филмски Фестивал во Венеција во септември 2020.
Посетителите на летното кино во Кинотека, можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/ каде на својот профил можат да ги забележат гледаните филмови, како и да го споделат искуството со фотографии на социјалните мрежи под хаштаг #EuropeanFilmChallenge, со што стануваат потенцијални победници во филмскиот предизвик. Сите 4 европски филмови од програмата на на European Film Challenge викенд во Кинотека носат екстра 10 поени во натпреварот, а со тоа и поголеми шанси за победа.
Летното кино ќе се отвори на 10 јули во 21:00 часот, со проекција на македонскиот филм – добитник на престижната LUX Prize за најдобар европски филм за 2019 – “Господ Постои, Името ѝ е Петрунија“, во режија на Теона Стругар Митевска.
Во рамки на European Film Challenge викенд во Кинотека, под отворено небо ќе биде прикажана следната програма:
10.07.2020 | 21.00 часот
Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)
Режија: Теона Стругар Митевска
1h 40min | драма
С. Македонија
> https://www.imdb.com/title/tt8054608/
11.07.2020 |
21.00 часот
Гостин / The Guest (2018)
Режија: Duccio Chiarini
1h 34min | комедија, драма, романса
Италија, Швајцарија, Франција
> https://imdb.to/2VJk3GF
12.07.2020 |
21.00 часот
Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)
Режија: Marie Kreutzer
1h 48min | драма
Австрија
> https://www.imdb.com/title/tt7902124/
13.07.2020 |
21.00 часот
Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)
Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger
Швајцарија, Италија
1h 24min | драма, романса
> https://www.imdb.com/title/tt6889924/
Цената на билетот е 100 денари.
Од Кинотеката информираат дека според актуелниот Протокол за организирање јавни настани, бројот на присутни во гледалиштето ќе биде строго ограничен, а воведени се следниве правила:
– Задолжителна
дезинфекција на рацете при влез во дворот и објектот
– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот
– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата
– Пушењето за време на проекција е непожелно
– Забрането е внесување на пијалаци (алкохолни и безалкохолни)