Граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора мора да имаат негативен корона тест за да влезат во Македонија

- Advertisement -

Од денес, при влез во државата за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа.

Оваа препорака  на Комисијата доаѓа по направените анализи на актуелната епидемиолошката состојба во овие земји и високата стапка на заразени лица, согласно информациите добиени од нивните медицинските власти. Техничкиот премиер Оливер Спасовски, најави дека Владата најитно ќе го  разгледа овој предлог и врз основа на тоа ќе донесат одлука. Претходно , во опција  беше и  целосно затворање на северната граница, но до тоа не дојде. 

Рестриктивни мерки како начин за заштита од ширење на коронавирусот , претходните денови донесоа дел од земјите во регионот. На граѓаните на соседна Србија, строго им се забранува влез во соседна Грција , додека за да влезат во Црна Гора , ќе мора да прифатат да останат во 14 дневен карантин. Црногорците пак, при влез во Србија мора да замината во домашна самоизолација од 14 дена.

- Advertisement -

Според грчките медиуми, по откриените голем број „увезени“ случаи на Ковид-19 кај туристи кои преку  граничен премин Промахонас (Кулата)  пристигнале во Грција, Националната организација за јавно здравје веќе ги тестира речиси сите посетители.

Македонските граници , ширум се отворија за светот, без дополнителни ограничувања на 26 јуни 2020 година, додека на 1ви јули и меѓународните аеродроми во Македонија дозволија летови од сите светски дестинации. Истовремено, за граѓаните на Македонија , отворени се само граничните премини кон Србија, Косово , Албанија и Турција. Следна шанса за отворање на границите кон земјите од Европската Унија , граѓаните на Македонија ќе имаат од 15ти јули.

Сподели!
- Advertisement -