Spotify конечно достапен и во Македонија

- Advertisement -

На задоволство на бројни заљубеници во музиката, светски познатата платформа за музика Spotify конечно е достапна и во Македонија. Spotify Во Македонија ќе понуди најдобро искуство на слушање интернационална музика со над 50 милиони песни, 1 милион подкасти и над 4 милиони листи со песни. Услугата Spotify е достапна бесплатно или со надградба на Spotify Premium, услуга со претплата која на корисниците им овозможува уживање во музиката без прекинување со огласи.

Од денес, освен кај нас, Spotify е достапен на уште 12 нови пазари вклучувајќи ги и Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, БиХ, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија.

- Advertisement -

Денешното лансирање на платформата отвора безброј можности за речиси 250 милиони обожаватели кои на Spotify ќе можат да откриваат нова музика и подкасти од целиот свет, а музичарите од регионот ќе можат да досегнат поголем број слушатели и публика која е се поконектирана на глобално ниво, вели Федерика Тремолада, генерална директорка на Spotify за јужна и источна Европа.

„Стартувањето на услугата на овие 13 пазари претставува битен момент за Spotify, особено затоа што ни се придружуваат фанови и автори на големи и растечки музички пазари како што е Хрватска, каде што гледаме голема шанси за Spotify“ дидава таа.

- Advertisement -

Како што истакнуваат, Spotify е достапен на широк дијапазон на уреди и постои опција за интеграција на апликацијата со Instagram, Facebook, Samsung, Android TV и Google Maps. Основниот облик на Spotify профил е бесплатен за сите, а во апликацијата може да се прилагоди пребарувањето и да се ужива само во домашна музика или во интернационална. Освен тоа, може да се открива и нова музика преку опциите Daily Mix, Release Radar и Discover Weekly.

На Spotify корисниците можат да пуштаат или да преземаат епизоди на подкасти на Android и iOS преку десктоп, играчки конзоли, автомобили, телевизори, паметни звучници или што било друго што користите за слушање музика. Истовремено, Spotify нуди алатки кои на уметниците им помагаат во следењето на статистиките во реално време за новите изданија, подобро разбирање на публиката и поголелмо доближување до фановите.

- Advertisement -

За користење на Spotify доволно е да се преземе мобилната апликација на смартфон и да се регистрира профил.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -