Германски научници развиваат неинвазивен тест за корона вирус кој дава резултати за помалку од 15 минути

- Advertisement -

Фармацевти од германскиот Универзитет Хал-Витенберг развија начин на откривање на мали количини од корона вирусот во течност за испирање уста, користејќи техника која би можела да се искористи за тестирање. Студијата користеча примероци на течност која пациентите заразени со корона вирусот ја испирале устата и успешно го откриле присуството на вирусот со техниката наречена масена спектрометрија.

Новата метода мора дополнително да се разработи пред да може да се користи како алатка за дијагностицирање и дополнение на постојните тестови за корона вирусот, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

Тој тест е многу специфичен затоа што ги таргетира протеинските компоненти кои постојат само во новиот корона вирус. „Ние ги мериме пептидите кои доаѓаат од вирусот, а не генетскиот материјал“ објаснува Андреа Синц, која работела на студијата.

Моментално се потребни 15 минути за добивање на резултатите од тестот, а може да се работи дури и со мали количини на течност за испирање. Германските фармацевти работат на скратување на времето потребно за добивање резултати.

- Advertisement -

Ако тестот се покаже успешен, мерењето би можело да го врши и неспецијализиран персонал, велат научниците. Иако оваа нова метода нема да биде достапна веднаш, Синџ вели дека се надеваат оти тестот ќе биде функционален за неколку месеци отсега.

(Dnevnik.hr, Science Daily)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -