Повеќе од 3/4 од најбогатите луѓе во светот пријавиле пораст на своето огромно семејно богатство и покрај економскиот шок кој го предизвика пандемијата на корон вирусот. Истражувањето на семејните канцеларии на супер богатите откри дека најголем дел од нив ја преживеале бурата на финансиските пазари, додека други многу помалку богати луѓе ја изгубиле работата.
Извештајот на швјцарската банка UBS покажал дека 77% од најбогатите семејства, кои имале просечно богатство од 1,6 милијарди долари, ги исполниле или ги надминале финансиските цели во текот на една од најголемите кризи во историјата на финансиските пазари.
)д 121 сеејство кои биле вклучени во истражувањето, 93 ги исполниле или ги надминале финансиските цели до мај 2020 година. Тие успеале да го постигнат тоа и покрај тоа што најголем дел од земјите во светот ја претрпеа најголемата финансиска криза во последните неколку децении.
Околу 24 семејства кои учестувале во анкетата управувале со приватно богатство поголемо од 3 милијарди долари. Најгобатите луѓе во светот успеале да зго зголемат богатството во текот на кризата затоа што имале доволно пари да го прифатат ризикот и да управуваат со него како ниеден друг инвеститор.
Од друга страна, бројни истражувања покажаа дека најсиромашните луѓе во општеството се тие кои може да останат без работа и да претрпат најголем пад на приходите.
„Кризата досега најмногу влијаеше на заработката на најсиромашните домаќинства. Домаќинствата во најсиромашната петтина, мерено според приходите пред кризата, биле најтешко погодени во поглед на заработката со просечен пад на примањата од 15%, се наведува во извештајот на Институтот за фискални студии.
Корона кризата може да турне во сиромаштија дури половина милијарда луѓе, односно да ја зголеми глобалната сиромаштија за околу 8% од светската популација, покажа истражување на Универзитетот на Обединетите нации.
(Bizlife)
(фото: Pexels)