Околу 130.000 луѓе користеле бесплатни туристички ваучери за ноќевања во домашно сместување, воведени пред еден месец во Словенија, правејќи промет од 20 милиони евра, според податоците објавени од словенечката влада во понеделникот која изрази задоволство од резултатите на мерката.
Сепак, повеќето ваучери кои им беа доделени на над два милиони жители сè уште се неискористени и треба да бидат потрошени најдоцна до крајот на оваа година. Ваучерите можат да се користат „од Триглав до словенечкото море“, рече Здравко Почивалшек, вицепремиер и министер за економија, за време на презентацијата на резултатите од првите 30 дена од користењето на ваучерите.
Ваучери во износ од 200 евра им беа доделени на сите полнолетни граѓани, а на малолетните лица во висина од 50 евра и истите може да се користат само за ноќевања. Според податоците на владата, досега 44% од ваучерите биле искористени во хотелите, 20% во апратманите, најчесто за време на викендите.