Од Netflix најавија дупло пониски цени за некои пазари

- Advertisement -

Иако Netflix е најпопуларниот видеосервис во светотм, после врвот во текот на пандемијата, оваа компанија забележа пад на бројот на корисници. Една од причините е силната конкуренција од HBO, Disney и други видеосервиси, а во последно време Netflix презеде различни чекори за да привлече нови корисници. Меѓу нив е воведување нов и поевтин претплатнички план и борба со корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.

Во јануари годинава еден од директорите на компанијата, Грег Питерс, ги најавиплановите за годинава, кои вклучуваат зголемување на бројот на глобални корисници, при што се споменува и прилагодување на цените. Тоа беше знак дека размислуваат за намалување на цените на одредени пазари, но тогаш не беше познато за кои земји станува збор.

- Advertisement -

Имено, за Хрватска, Филипините, Кенија, Иран, Венецеула и уште триесетина други земји се намалуваат цените на Basic планот, стандардниот пакет и Рremium планот. Како што пренесува ВВС, во некои од тие земји месечната претплата пакетите е речиси преполовена. На оваа листа ги нема САД и Велика Британија.

Дел од корисниците веќе добиле известување, а некои допрва ќе добијат известување на промената на цената. Но, треба да нагласиме дека ако досега сте користеле стандарден план по цена од 9,99 евра, Netflix нема автоматски да ве префрли на поевтин стандарден план, туку ќе ви смета дека имате Рremium план, кој сега чини 9,99 евра.

- Advertisement -

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -