360 експерти за ризик објаснуваат како ќе влијае пандемијата на иднината на планетата

- Advertisement -

Светскиот економски форум спровел истражување во кое биле вклучени 360 експерти за ризик, а целта била да се дознаат прогнозите за последиците на пандемијата на корона вирусот врз нашата планета. Еве што рекле експертите.

Најпрвин, пандемијата може да предизвика еден магичен круг на континуирана деградација на животната средина и избивање на други болести меѓу луѓето.

- Advertisement -

„Во економски контекст, има загриженост за пролонгирана глобална рецесија и тоа не е нешто за што се разговараше во јануари. Постои загриженост за појава на нова пандемија или враќање на оваа. Има загриженост и за ефектите на кризата врз синџирите за снабдување, како и на транспортот на стока и луѓе. Понатаму, загриженост за тоа како ќе се одрази финансиската криза и банкротирање на компании врз бројот на работни места и изворите на приходи за живот на семејствата. Исто така, има прашања што значи сево ова за некои индустрии? Дали за една година отсега ќе постојат само неколку поголеми брендови во секоја индустрија, а малите бизнис ќе пропаднат“, вели Саадиа Захиди, управен директор на Светскиот економски форум.

Во извештајот COVID-19 Risks Оutlook се истражува како корона вирусот влијање на бизнисите, организациите и владите. Одлуките кои се носат денес ќе имаат долгорочни последици врз вработувањето, консумацијата и социјалната стабилност. Затоа лидерите мора да ја регулираат новата „нормала“ наместо да дозволат работите сами да си дојдат на место. Корона кризата е можност за изградба на порамноправни и поодржливи општества.

We asked 350 risk experts about how the pandemic could affect the future of the planet

A glimpse of what's to come?📕 Read more: https://bit.ly/3dYMirq #risks20

Posted by World Economic Forum on Вторник, 21 јули 2020
- Advertisement -

(Светски економски форум)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -