Патната мрежа и хигиената на јавните места добија единица од туристите

- Advertisement -

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите кои биле анкетирани на граничните премини при влез во Македонија додека највисока оценка дале за однесувањето на луѓето.

Просечната оценка на странските посетители за услугите, според објавените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), изнесува 4,16. Однесувањето на луѓето го оцениле со 4,53, археолошките и историски ресурси со 4,51, природната средина со 4,41, рестораните со 4,37, аеродромските услуги со 4,32, забавата и ноќниот живот добиле оценка 4,25, безбедноста и здравствените услуги со 4,19, хигиената на јавните места со 3,71 и патната мрежа со 3,64.

- Advertisement -

Најголем дел од оние што се регистрирани на граничните премини, односно 44,4 отсто, само транзитирале низ земјава, 36 отсто од нив оствариле едно или повеќе ноќевања, а 19,6 отсто биле на еднодневна посета.

Според возраста, најчести посетители се лица на возраст меѓу 36 и 42 години, категорија која и најмногу транзитирала низ Македонија. На еднодневен престој, околу 30 отсто, доаѓале посетители на возраст од 43 до 50 години и од 51 до 59 години.

- Advertisement -

Посетителите најмногу трошеле во земјава на храна и на пијалоци (над 20 проценти од средствата), како и за забава, за рекреација, за здравство и слично, но оставале средства и за купување производи во трговијата.

Сподели!
- Advertisement -