RIVERSAVE, македонска иновативна идеја за прочистување на реките од цврст отпад

- Advertisement -

Идејата за прочистување на реките од цврст отпад – RIVERSAVE е оформена за време на обуките на Центарот за управување со знаење организирани под проектот i3 за претприемништво и животна средина во Драч, Албанија во мај 2019 година. На обуките присуствуваа 50 претприемачи од 5 држави на Балканско-медитеранската област. Носител на идејата е Нино Ристески, дипломиран инженер за животна средина на Машинскиот факултет во Скопје. Истата беше оценета како најиновативна идеја на настанот.

Принципот на работа на RIVERSAVE е следниот, објаснува Нино:

- Advertisement -

На претходно анализирана река која е загадена со цврст отпад се поставуваат три мрежи кои наликуваат на тениските мрежи. Мрежите се прикачени на специјално дизајнирани метални кутии со вградени уреди. Трите мрежи се разликуваат по тоа што имаат различна големина на решетката со цел да собираат само одредена категорија на отпад.

Првата мрежа и нејзината решетка е со најголема димензија и нејзината цел е да го собира најкрупниот цврст отпад: автомобилски гуми, парчиња мебел, покуќнина. Втората мрежа е со решетка од средна големина, одговорна за пластични и стаклени шишиња и секаков вид на предмети во корелација со шишињата. Третата мрежа е со решетки од најмала големина, која служи за собирање на најмалиот цврст отпад: парчиња пластика, играчки и сл.

- Advertisement -

Целта на поставувањето три, наместо една мрежа е да се избегне пребрзото оптеретување од целокупниот цврст отпад низ течението на реката.

За сите заинтересирани за развивање на оваа идеја и нејзина имплементација, Нино ви стои на располагање на email: ninoristeski@hotmail.com или LinkedIn: https://www.linkedin.com/in/nino-risteski/

- Advertisement -

Проектот i3 е кофинансиран од Европската унија под Интерег балканско-медитеранската програма 2014-2020.

Сподели!
- Advertisement -