Научници направија нов вид од пигментот меланин кој штити од смртоносни дози сончево зрачење

- Advertisement -

Toкму како што многумина кога одат на плажа користат креми со висок заштитен фактор за да се заштитат од штетното зрачење на сонцето така еден ден идните истражувачи на Марс и на Месечината би можеле да користат крема која во себе содржи нов материјал – селеномеланин, кој е добиен со биоинженеринг.

Селеномеланинот е добиен со збогатување на природниот пигмент меланин со металот селен. Надвор од заштитното Земјино магнетно поле луѓето се изложени на разни облици на опасно зрачење, кое вклучува ултравиолетово зрачење, x-зраци и гама зрачење кое доаѓа од Сонцето. Тука се и супербрзите субатомски честички, односно космичките зраци кои доаѓаат надвор од Сончевиот систем.

- Advertisement -

Невидливото за човечкото око оштетување на ДНК може да доведе до појава на рак, а во поглеми дози и до труење со зрачење и до смрт. Традиционалните противмерки како што се слоевите заштита во форма на олово или вода главно се премногу тешки за носење, неудобни се и ги зголемуваат финансиските трошоци за вселенските мисии.

Од друга страна, животните, билките, габите и бактериите природно го произведуваат пигментот меланин. Одредени облици на меланинот, на пример кај човекот, овозможуваат заштита од сончевото ултравиолетово зрачење.

- Advertisement -

„Меланинот е сеприсутен и енигматски. Ние не го разбираме целосно“ вели Нејтан Џианески, биохемичар од Универзитетот Нортвестерн во САД.

Фото – Wikiipedia

Меланинот кај животните се дели на две главни форми – еумеланин и феомеланин, покажа научната студија од 2014 година објавена во списанието New Journal of Science. Еумеланинот е одговорен за одредувањето на црната или темно кафеавата боја на кожата или косата, додека феомеланинот содржи сулфур и обично е црвенкаст или жолтеникав, а се наоѓа кај луѓето кои имаат црвена коса и во човечките усни.

- Advertisement -

Феомеланинот исто така ги впива x-зраците многу поефикасно отколку еумеланинот. Џиансеки и неговите колеги зеле феомеланин добиен од перјата на петел и сакале да видат дали можат да го направат поефикасен во заштитата од штетното зрачење. Наместо сулфур, во феомеланинот додале селен, кој на периодниот систем се наоѓа под сулфурот и е познато дека игра улога во спречувањето на појавата на рак во организмот. Како резултат на нивните експерименти, добиле селеномеланин, кој не се јавува спонтано во природата.

Во текот на експериментите клетките од кожата кои биле премачкани со селеномеланин без проблем успеале да ги преживеат дозите х-зрачење кои инаку би биле смртоносни за човекот. Селеномеланинот се апсорбирал во кожата и формирал микропарасоли, односно мали штитови околу клеточните јадра во кои се наоѓа заштитена и ДНК.Клетките исто така попримиле природно потемна боја после апсорпцијата на селеномеланинот.

Дополнителните тестирања покажале дека посебно направена бактерија која се храни со селен може да производи селеномеланин, што значи дека тој може да се произведува и во вселената и дека станува збор за обновлив извор на ефикасна заштита за кожата на човекот. Резултатите од студијата се објавени во списанието Journal of the American Chemical Society. Останува да се тестира селеномеланинот на луѓе и во вселенски услови за да се утврди дали ќе даде иста заштита.

Но, селеномеланинот може да се всади во облеката, односно во вселенските костими, каде што исто така може да формира мали штитови и да обезбеди долготрајна заштита за астронаутите. Џианески и неговиот тим исто така ги интересира дали може селеномеланинот може да се пронајде во природата, а веќе имаат и кандидат во облик на габа која живее во услови на високо ниво на зрачење.

(Fox News)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -